Насловна / Архитектура / Олимпиското село во Токио ќе стане населба за 12 илјади жители

Олимпиското село во Токио ќе стане населба за 12 илјади жители

Олимпиското село во Токио беше изградено за привремено да биде дом на 11.656 спортисти за време на Олимписките игри. Овој мал град беше целосно опремен со се што им требаше на спортистите: од пошта преку поликлиника, до менза и игралиште во форма на пиратски брод. Исто така, имаше центар за забава, дигитално пикадо, видео игри. А, меѓу објектите имаше роботизиран превоз.

olimpijsko-selo-tokio-01

Меѓутоа, што ќе се случи со овој комплекс на вода, чија изградба чинеше две милијарди долари, сега кога завршија Олимписките игри? Околу 3.600 куќи во Олимпиското село, кое има поглед на незаборавниот Токиски залив, ќе бидат претворени во станови и ќе бидат продадени на заинтересираните страни по цена до два милиони долари.

Проектот, наречен Harumi Flag (по вештачкиот остров на кој се наоѓа селото), вклучува урбанизација на Олимпиското село во три станбени блока, што ќе биде завршено до 2023 година, како и изградба на облакодер што ќе биде готов до 2025 година.

olimpijsko-selo-tokio-02

Најголемиот станбен блок, Sun Village, ќе има 1.822 апартмани, малку помалиот Park Village ќе понуди 1.637 апартмани на пазарот, додека Sea Village ќе ги понуди најголемите и најлуксузните станови до дури 123 квадратни метри што е огромна квадратура за Токио.

Така, Harumi Flag, проект финансиран од Градот и 11 приватни компании, ќе стане населба за 12 илјади жители до 2024 година. Овој дел од градот ќе добие станица со БРТ (брз автобуски превоз), пристаниште за патнички бродови, два парка, основно училиште, како и едно средно училиште.

olimpijsko-selo-tokio-03

Апартманите во Олимпиското село беа понудени за продажба за прв пат во јули 2019 година, а пристигнати се 1.543 апликации за првите 600 станови. Сепак, продажбата е прекината поради пандемијата, но се очекува да продолжи оваа есен.

Лошо опремените станови во Олимпиското село стигнаа до социјалните мрежи благодарение на картонските кревети. Од есен овие апартмани ќе се продаваат по цена до два милиони долари.

Испрати коментар

Scroll To Top