Насловна / Вести / Пуштена е во погон втората по големина хидроцентрала во светот

Пуштена е во погон втората по големина хидроцентрала во светот

На реката Јинша, една од горните притоки на реката Јангце во Кина, во погон е пуштена втората по големина хидроцентрала во светот според инсталираната моќност. Станува збор за хидроцентралата „Баихетан“ со моќност од 16GW, што значи дека по моќност веднаш после хидроцентралата „Три долини“, исто така во Кина (22,4 GW), додека хидроцентралата „Итаипу“ во Јужна Америка има моќност од 14 GW. Всушност, новата хидроцентрала е во погон после три дена пробна работа, и тоа за почеток само со една производна единица, со поединечна моќност од  1 GW. Целосното завршување на работите се очекува во јули 2022 година.

default

Електраната се наоѓа на границата на кинеските покраини Јунан и Сечуан и е втора од четирите каскадни хидроелектрани во долниот тек на реката Јинша. Дел од тој проект е и изградбата на високонапонски далековод која треба да започне во 2022 година и со кој новата електрана ќе се поврзе со покраината Јиангсу. Покрај тоа, сличен далековод би требало да се гради од електраната до покраината Жејианг, исто така во источниот дел на Кина, а за тој проект се чека одобрение од кинеската влада.

baihetan4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top