Насловна / Вести / Населба како ремек-дело: Едно од најубавите места во светот за семеен живот

Населба како ремек-дело: Едно од најубавите места во светот за семеен живот

Постојат многу урбани простори каде архитектите ја изразуваат својата креативност користејќи земја како свое платно. Еден таков пример се овалните градини во Данска, кои сведочат како дизајнот на пејзажот може да биде вистинско уметничко ремек-дело на кое ќе се восхитуваме со децении.

naselba

Данското предградие Naerum во Копенхаген е украсено со децении со еден од најпознатите визуелно привлечни дизајни на пејзажна архитектура – овални градини. Тие се создадени од пејзажниот архитект Карл Теодор Мариус Серенсен, дански пејзажен архитект кој важи за еден од најголемите архитекти на 20 век во својата област и бил водечка фигура на првата генерација на модернисти во пејсажниот дизајн.

naselba1

Овалните градини во Копенхаген се неговиот најпознат проект. Создадени во 1948 година, овие градини се состојат од 40 овални парцели, опкружени со жива ограда, со големина од приближно 25 метри на 15 метри. Тие се поставени на тревник меѓу станбени згради од една страна и повеќе традиционални градини од друга страна. Првично, Серенсен предвидувал проект дизајниран како мрежа, со симетрични, кружни градини. Сепак, ова на крајот резултирало со пофлексибилен облик и распоред на парцелите што поттикнале подинамичен изглед.

На самиот почеток на проектот, сопствениците на парцели можеле слободно да ги постават своите домови, да изберат жива ограда и да ја дизајнираат внатрешноста на нивните парцели, но Серенсен ги дал неговите упатства, нагласувајќи дека тие се наменети повеќе како водич отколку како правило. Седум децении подоцна, овалните градини во Копенхаген сè уште се една од најубавите атракции во данската престолнина.

naselba2

И покрај слободата на проектот што ја поседувал секој сопственик на земјиштето со текот на годините, овалните градини на некој начин секогаш одржуваат одредена конзистентност и доследност во дизајнот, како што е редовното сечење жива ограда, што помогнало да се задржи нивниот шарм.

Недостатокот на асфалтирани патишта меѓу градините до која било куќа може да изгледа како грешка, но тие всушност се намерно изоставени. Данскиот пејзажен архитект сакал да ги охрабри сопствениците да шетаат повеќе во природа, да дишат свеж воздух пред да влезат во автомобили, како и да ја зголемат комуникацијата меѓу соседите и да создадат прекрасна населба.

Најимпресивната работа во врска со дизајнот на Серенсен е дека овалните градини изгледаат фантастично од птичја перспектива, а прават пријатно искуство и при шетање по земјата, што било и план на овој пејзажен архитект.

naselba3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top