Насловна / Вести / Самоодржлива модуларна вертикална градина која заштедува простор

Самоодржлива модуларна вертикална градина која заштедува простор

Главните детали кои се повеќето ги привлекуваат луѓето во денешно време се прочистувачи на воздухот, елементи кои заштедуваат простор и секако иновативни начини на одгледување на растенија. Кога станува збор за последното, посебно внимание се посветува на оние варијанти за кои не е потребно одржување. Таков е случајот и со Moltke, модуларна вертикална градина дизајнирана за внатрешна и надворешна употреба.

8_resize

5_resize

Растенијата се нешто што во голема мера можат да оживеат еден дом. Тие го прочистуваат воздухот, а со Moltke систем кој заштедува простор и нуди можност за одгледување на растенија без ангажман, во просторот за живеење ќе имате мала градина за која отсекогаш сте сонувале. Moltke претставува совршена комбинација на некои од најважните работи кои ги цениме во современите домови.

6_resize 7_resize

Moltke е дизајнирана да овозможи прифатлива градина која одговара на малата квадратура на стан и која е всушност сама на себе доволна.

10_resize

Главната карактеристика на оваа вертикална градина е нејзината едноставност. Не е потребно претходно искуство за да ја одржите во живот. Самонаводнувачки систем кој не бара дополнителна енергија ги одржува растенијата без ваше учество. Делови на конструкцијата на системот се транспарентни, така што повеќе светлина може да стигне до корените. „Светлината за раст“ која се наоѓа во секој модул се грижи растенијата да бидат здрави дури и кога нема доволно природна светлина во просторот.

4_resize

Исто така може да ги користи отпадните води произведени од клима уредите за наполнување на резервоарот за вода. Модуларноста станува клучна во дизајнот за да се вклопи производот во нашиот флексибилен животен стил, кој постојано се менува.

9_resize 1_resize

11_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top