Насловна / Вести / Пуштена е во погон најголемата бугарска фотонапонска електрана

Пуштена е во погон најголемата бугарска фотонапонска електрана

Најголемата фотонапонска електрана која досега е изградена во Бугарија, „Верила“ (123MW) официјално е пуштена во погон. Ова е најголемиот објект од ваков тип во Бугарија, кој се простира на површина од 13.000 хектари, а се состои од 220.000 фотонапонски панели. Во деновите со интензивно сончево зрачење, овој капацитет може во целост да ги задоволи потребите од енергија на помали градови како на пример Ќустендил и Благоевград.

verila1

Вредноста на инвестицијата изнесува нешто над 200 милиони евра. Новоизградениот капацитет се наоѓа на планината Верила на надморска височина од  700-1000 метри, на нерамен терен со стрмни падини, што го прави овој проект еден од најтешките за изведба и најатриктивните во Европа.  Електраната содржи над 4.240 тони челична конструкција.  Изградбата на оваа постројка започнала во септември 2022 година. Со својата инсталирана моќност, учествува со 7% во вкупниот капацитет од овој сегмент во земјата. Моментално во Бугарија се инсталирани околу 1800MW во фотонапонски централи.

 

Испрати коментар

Scroll To Top