Насловна / Вести / Првиот град што е целосно покриен од 5G мрежата

Првиот град што е целосно покриен од 5G мрежата

Јужниот кинески град Шенжен е првиот град во земјата кој е целосно опфатен со независно мрежно поврзување 5G.

Градоначалникот на Шенжен, Чен Жугуи вели дека градот ја заврши поставената цел од 2019 година до крајот на август 2020 година да изгради 45 илјади 5G базни станици со цел целосно да се обезбеди воспоставување на 5G градската мрежа, пренесува „Кина плус“.

Shenzhen city, China, 19 July 2018:- Shenzhen city

Шенжен сега има повеќе од 46 илјади 5G базни станици, што е густината на станиците за кои се верува дека се највисоки во светот, соопшти градската служба за индустрија и информатичка технологија.

Следниот чекор е да се поттикне развојот на индустријата 5G со постигнување на успех во 5G технологии и градење сеопфатен екосистем 5G.

Овој технолошки центар на југот на кинеската провинција Гуангдонг е дом на импресивна група кинески почетни компании и технолошки гиганти, вклучително и Хуавеи и Тенсент.

Испрати коментар

Scroll To Top