Насловна / Вести / Првиот автономен електричен товарен брод го реализираше своето прво патување

Првиот автономен електричен товарен брод го реализираше своето прво патување

Првиот електричен товарен брод под името Yara Birkeland, го реализираше своето прво патување во Норвешка. Тој пловел 14 km од Porsgrunn до пристаништето Brevik. Иако патувањето било кратко, компанијата Yara како производител на ѓубриво, годишно врши 40.000 камионски превози во склоп на транспортот на своите производи до пристаништето Brevik. Од наредната година, товарниот бродски превоз целосно ќе ги замени камионите. Работата на овој брод долг 80 метри, започнала во 2017 година. Проектиран е да превезува 103 контејнери, а технологијата е производ на компанијата Enova која промовира обновливи извори на енергија. Во иднина бродот самостојно ќе може да врши утовар и истовар и да плови без учество на човекот. Но, за самопловечката технологија најпрво ќе има тест период од две години, додека класичната пловидба со екипаж, редовно ќе се врши веќе од почетокот на следната година.

yara1

yara2

Компанијата Yara е еден од најголемите емитери на јаглерод диоксид во Норвешка, а во своите планови има производство на „зелен амонијак“. На овој производител на ѓубрива, потребни му се големи колични на амонијак, чие производство учествува во глобалната емисија на јаглерод диоксид со нешто над 1%. Yara сака да го користи својот „зелен амонијак“ како гориво за бродови.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top