Насловна / Архитектура / Илјада станови и 26 влезови: Бетонски крофни во Русија во кои станарите тешко го пронаоѓаат својот влез

Илјада станови и 26 влезови: Бетонски крофни во Русија во кои станарите тешко го пронаоѓаат својот влез

Во раните седумдесети години од минатиот век, руските архитекти Евгениј Стамо и Александер Маркелов, осмислиле необичен дизајн на станбена зграда во Москва. Зградата има облик на прстен, а во нејзината внатрешност се наоѓа огромен двор со игралишта и зеленило, кое се протега во широчина од 150 метри. Многу иновативно поигрување со типичните социјалистички бетонски блокови какви никнувале во периодот по Втората светска војна низ цела источна Европа.

krofna1

Кога во 1972 година зградата била довршена, властите биле токлу импресионирани, што одлучиле да подигнат нејзини „сестри“ низ целиот град. Планот бил, пригодно во чест на претстојните Олимписки игри, да се изградат пет такви згради, за да има симболика со знакот на Игрите.

krofna2

krofna3

Една ваква џиновска зграда содржи речиси илјада станови на 9 ката, 26 влезови, дуќани, пошта, градинка и сл. Но, кога била подигната третата во 1979 година, Советскиот сојуз западнал во економска криза. Зградите чинеле поприлично, па плановите за понатамошна градба се одложени. Жителите на Москва им дале оригинално име, „згради – крофни“.

krofna4

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top