Насловна / Вести / Прва жена од Саудиска Арабија на летот на SpaceX и на Меѓународната вселенска станица

Прва жена од Саудиска Арабија на летот на SpaceX и на Меѓународната вселенска станица

Ракетата на американската вселенска компанија SpaceX полета кон Меѓународната вселенска станица (ИСС), веднаш штом се создадоа поволни временски услови за полетување. Екипажот на Станицата ќе помине нешто повеќе од една недела.

Ова е втор комерцијален лет организиран од компанијата „Axiom Space“ од Хјустон.

s3

Меѓу патниците се првите астронаути од Саудиска Арабија по многу децении, како и бизнисменот од американската сојузна држава Тенеси, кој има свој тим тркачки автомобили, Џон Шофнер, пренесе АП.

Тимот го предводи пензиониран астронаут на НАСА, кој сега е вработен во SpaceX, и го организирал десетдневното патување.

s2

Компанијата не прецизираше колку чинат билетите до ИСС, иако медиумите претходно објавија дека цената на летот за едно лице е 55 милиони долари.

Ракетата „Фалкон“ беше лансирана од Вселенскиот центар „Кенеди“, од каде во вселената во 1985 година отиде и првиот астронаут од Саудиска Арабија, принцот Султан бин Салман ал Сауд.

s1

Сега во мисија од таа земја е Рајана Барнави, научница која истражува матични клетки и која стана првата жена од Саудиска Арабија во вселената. Со неа е и пилот на борбени авиони на саудиските воздухопловни сили Али ал Карни.

Во екипажот е и Пеги Витсон, која го држи американскиот рекорд од 665 дена поминати во вселената.

s5

Испрати коментар

Scroll To Top