Насловна / Вести / Прв лет на British Airways со „одржливо“ гориво

Прв лет на British Airways со „одржливо“ гориво

Со летот на релација Лондон – Глазгов, компанијата British Airways покажа дека авијацијата може да влијае на декарбонизацијата. Емисијата на јаглерод диоксид во текот на овој лет била 62% пониска од таканарешениот „совршен лет“ од Лондон до Единбург. Ова ново намалување на емисиите е резултат на комбинација од иновации, вклучувајќи и поефикасни авиони со помала потрошувачка. Летот е изведен со Airbus А320neo, кој има посебни перформанси на одржливост.  Тоа е најтивкиот и најекономичниот авион наменет за кратки растојанија во флотата на British Airways. Аеродромите Хитроу и Глазгов, како и провајдерот за контрола на воздушниот сообраќај, заедно се ангажирани со цел намалување на емисиите во текот на летовите. Авионот е погонуван од гориво САФ, помешано со 35% традиционално гориво. САФ се произведува од материјали кои генерираат 80% помалку емисии на јаглерод диоксид. British Airwaysсоопшти дека летот Лондон – Глазгов бил гасно неутрален. Минатата недела British Airways покрена програма за одржливост под името BA за подобар свет, која вклучува низа иницијативи за постигнување нето нулта емисија на јаглерод диоксид до 2050 година.

BA1

BA2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top