Насловна / Вести / BMW покажа три уникатни модели Е38 750iL, меѓу кои и автомобилот на Џејмс Бонд

BMW покажа три уникатни модели Е38 750iL, меѓу кои и автомобилот на Џејмс Бонд

BMW 750iL беше најдбра верзија на генерацијата E38, а сега германската компанија покажа три уникатни примероци. BMW 750iL во негово време покренуваше моќен V12 мотор, а овој примерок е исклучително добро одржуван, и изгледа како сега да излегол од производна лента. Сите материјали во внатрешноста се исклучително свежи, вклучувајќи ја кожата и пластиката. Како и останатите автомобили од крајот на деведесетите години од минатиот век, автомобилот има неколку пепелници, а импресивно е што поседува екран во боја за навигација. Иако екранот е многу мал, сепак тоа било револуционерна работа за еден автомобил од тоа време. Презентирани се два специјални модели на E38 од серијата 7. Првиот е лакиран во Canyon металик црвена и Nepal металик сребрена боја, а дизајнирани се од страна на Карл Лагерфелд.  Автомобилот е резултат на соработката помеѓу одделот на BMW Individual и хотелот  Four Seasons во Хамбург, Германија. Вториот е 750iL кој се појавил во филмот Tomorrow Never Dies, за британскиот агент Џејмс Бонд. Овој автомобил е опремен со мноштво гаџети.

TND1

TND2

TND3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top