Насловна / Арт и дизајн / Столица која совршено се поклопува со сите трпезариски маси

Столица која совршено се поклопува со сите трпезариски маси

Столица која благодарение на нежните облини и традиционалниот начин на изработка совршено се вклопува со сите трпезариски маси.

stol

Целта на производителот била да дизајнира стол за јадење што ќе ја прослави природната убавина на дрвото на уникатен начин. Јасната форма и речиси изненадувачката удобност се совршена реклама за ова парче мебел да се имплементира во секојдневниот живот. Со едноставен изглед и уште поедноставно име – Port, овој стол неодоливо наликува на две едра (свиткано дрво и потпирач за грб) кои се прикачени на еден јарбол (задна нога).

stol1

Извајаниот струк на седиштето и потпирачот за грб со рамка од цврсто дрво создаваат хармонична мешавина на форми и линии. Заобленоста на седиштето носи удобност и во исто време ја зајакнува структурата, сето тоа благодарение на исклучително оригиналниот начин на кој се поврзува со задните нозе.

Сите овие карактеристики, заедно со употребата на традиционални вдлабнати споеви и попречни клинови, го направија столот на Port да ги израдува не само оние што се маѓепсани од неговата силуета, туку и оние со префинет вкус – кои ценат високо и префинето обработка на дрво.

Овој интересен стол доаѓа во три варијанти: црна, оревска нијанса и бела дабова боја, и може да се купи по цена од околу 500 американски долари.

stol2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top