Насловна / Вести / Протест!! Стоп за висококатници во центарот на Скопје!!

Протест!! Стоп за висококатници во центарот на Скопје!!

Утре, петок пред Јавното обвинителство е закажан протест против изградбата на висококатниците на просторот спроти хотелот „Холидеј ин“ во центарот на Скопје.

Организатор на протестот е иницијативата Зелен хуман град (ЗХГ) затоа што сметаат дека висококатници на таа локација ќе резултира со уште поголемо загадување на воздухот во главниот град.

пр_resize

Во нивната најава на протестот велат.

„Во Македонија годишно умираат повеќе од 3.500 луѓе од загаден воздух! Ако се дозволи изградбата уште повеќе ќе се спречи струењето на воздухот што ќе резултира со уште поголемо негово загадување и дополнително ќе се влоши квалитетот на живот во центарот на Скопје. Центарот ќе биде парализиран од сообраќаен метеж и луѓето што живеат и работат во близина нема да може да ги извршуваат секојдневните обврски!

Најавуваме ПРОТЕСТ овој ПЕТОК ВО 16:00 пред јавното обвинителство (Кеј на Вардар кај Филхармонија).

Бараме:

1. Запирање на градежните активности поради сомнеж за корупција и злоупотреби на службената должност ВЕДНАШ!

2. Јавното обвинителство најитно да се произнесе по иницијативата од Државната комисија за спречување на корупцијата.

3. Владата да одвои средства од централниот буџет доколку Општина Центар нема доволно за новомаалци да добијат решение и излез од нехуманите услови во кои живеат.

4. Советот на Општина Центар најитно да го изгласа елаборатот за суспензија за натамошно спроведување на овој ДУП.

5. Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам најитно да спроведе надзор врз основа на претставката поднесена од ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД.

6. За локацијата да се распише меѓународен конкурс со кој ќе се гарантира зелено и хумано решение“.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top