Насловна / Вести / Ова се трите најголеми соларни електрани во светот

Ова се трите најголеми соларни електрани во светот

Во екот на енергетската транзиција никнаа бројни мали соларни електрани, но и бројни гигантски соларни паркови кои можат да снабдуваат стотици илјади домаќинства со зелена енергија. Во продолжение Ви ги претставуваме трите најголеми соларни паркови на светот, иако оваа моментална ситуација брзо ќе се промени имајќи предвид дека во тек е интензивно инвестирање во соларни капацитети ширум светот.

Bhadla Solar Park, Индија

Државата Раџастан во Индија како да е создадена за изградба на соларни електрани – во изобилството суви и песочни предели, во кои температурите често надминуваат 48 степени Целзиусови, речиси и да нема живот, но има изобилство сончево зрачење. Така Раџастан, со 325 сончеви денови годишно, стана дом на најголемиот соларен парк на светот – Bhadla. Овој гигантски соларен комплекс се простира на 5.700 хектари, а се состои од 10 милиони соларни панели за кои се грижат околу 300 вработени. Bhadla има инсталирана моќност од 2.245MW и произведува електрична енергија за околу 800.000 домаќинства.

солар1

Huanghe, Кина

Кина има убедливо најголем инсталиран капацитет во обновливи извори на енергија – близу 1.000GW. Добар дел од тоа се должи на соларната енергија, а вториот најголем соларен парк во светот е сместен токму во Кина. Има инсталиран капацитет од 2.200GW, и е во сопственост на државната комунална компанија Huanghe Hidropower Development. По само четири месеци изградба, електраната е пуштена во погон во 2020 година.

солар2

Pavagada, Индија

Соларниот парк Pavagada, се простира на 13.000 хектари. Пуштен е во работа во 2019 година и има инсталирана моќност од 2.050GW. Се наоѓа во сојузната држава Карнатака на југот на Индија, која има најголем соларен инсталиран капацитет во земјата.

солар3

 

Испрати коментар

Scroll To Top