Насловна / Арт и дизајн / Изложба „Фаберже во Лондон: Од романса до револуција“

Изложба „Фаберже во Лондон: Од романса до револуција“

Славниот руски јувелир, Карл Фаберж, најпознат е по извонредни велигденски јајца, направени за руското царско семејство, меѓутоа тој создал и многу други скапоцености. Фаберже бил на добар глас и во Велика Британија. Во 1903 година, тој отвори филијала на својата компанија во Лондон на 173 New Bond Street. Оттогаш, голема колекција од неговите скапоцености се наоѓа надвор од Русија и успешно ја преживеала Октомвриската револуција 1917. година. Скапоценостите што останале во Русија, од друга страна, продадени се на приватни колекционери ширум светот. Меѓутоа, подоцна, многу предмети се вратени во различни руски музеи, вклучувајќи го и неодамна отворениот музеј Фаберже во Санкт Петербург.

0

Во тек е изложба во Лондон во Музејот Викторија и Алберт „Фаберже во Лондон: Од романса до револуција“, за прв пат од 1977. година (по повод одбележувањето на сребрениот јубилеј на кралицата) се изложуваат делата на познатиот јувелир. На изложбата британските колекции на Нејзиното Височество кралицата Елизабета II, компанијата Вартски и други приватни колекционери, изложени се заедно со руски гостувачки колекции, вклучувајќи ги прекрасни примероци во продолжение.

00

„Фаберже во Лондон: Од романса до револуција“ отворена е на 20. ноември 2021. година, а експонатите ќе бидат изложени до 8. мај 2022 година.

Првата кокошка, 1885. година

prvo

музеј Фаберже во Санкт Петербург

Ова прилично едноставно златно јајце е првото велигденско јајце кое го изработила јувелирницата на Фаберже. Мајсторот Ерик Колин ја реализирал идејата за кукла бабушка во облик на јајце така што во неа сместил кокошка и жолчка. Царот Александар III ова јајце и го подарил на својата сопруга Марија за Велигден. Тој бил толку воодушевен од идејата, што нарачување на скапоцени јајца станало обичај на руското царско семејство, а мајсторите на Фаберже за нив направиле уште 50 јајца во наредните години.

Молитвеник, 1896. година

molit

Музеј на Московскиот Кремљ

Друг мајстор на компанијата на Фаберже, Михаил Перхин, направил јувелирски корици за молитвеник кој Николај II и го подарил на својата сопруга Александра на денот на крунисувањето. Тоа бил симболичен подарок, бидејќи Александра го прифати православието за да се омажи за идниот руски цар.

Ден и ноќ, 1904. година

den

Музеј на Московскиот Кремљ

Цветот од скапоцени камења го изработи главниот мајстор на на Фаберже, Хенрик Вигстром од злато, дијаманти, тиркиз, планински кристал и камен. Продолжувајќи ја традицијата воспоставена од неговиот татко, Николај II и го подари ова ремек дело на својата сопруга Александра за десетгодишнината од нивниот брак.

Табакера, 1906. година

tab

Музеј на Московскиот Кремљ

Николај II многу пушел. Дури и обична табакера на царот била предмет на извонредна изрботка и голема вредност.

Три зајчиња, бебиња, 1907. година

1

 

кралската колекција, Нејзиното Височество Кралицата Елизабета II

Клесани од едно парче, проѕирен темно кафеав ахат во различни нијанси со розови дијамантски очи. Ова парче го купила во 1913. година големата војвотка, споруга на големиот војвода Владимир Александрович (брат на царот Александар III), се претпоставува дека и било подарено на кралицата Александра за нејзиниот роденден.

Кутија за пури со поглед на британскиот парламент, 1908. година

lond

кралската колекција, Нејзиното Височество Кралицата Елизабета II

Правоаголна кутија за пури од нефрит, монтирана во црвено злато, обрабена со зелено злато. Вметната обвивка со шарки со златна плочка со слика од сепија емајл на Домот на Парламентот од јужниот брег на Темза. Оваа кутија во сопственост на бтитанското кралско семејство ја изработил Хенрик Вигстром.

Велигденско јајце „Московски Кремљ“, 1904-1906 година

vas

Музеј на Московскиот Кремљ

Ова велигденско јајце е направено од злато, сребро, оникс и емајл. Не само што е прекрасно дизајнирано, туку функционира и како музичка кутија. Централниот бел дел потсетува на Успениската соборна црква во Кремљ. Ова е уште еден подарок на царот Николај II на неговата сопруга.

Велигденско јајце „Александровиот дворец“, околу 1908. година

aleks

Музеј на Московскиот Кремљ

Мајсторот Хенрик Вигстром го направил ова јајце од жад, дијаманти, рубини и, се разбира, злато. Било нарачка на Николај II за Велигден 1908 година. Николај II и неговата сопруга живееле во Александровиот дворец во Царското село во близина на Санкт Петербург. А ова скапоцено јајце содржи минијатурен модел на нивниот дворец.

Златно јајце со часовник, 1886-87. година

zlat

приватна колекција

Едно од низата од педесет и две јајца направено од Август Холмстрем под водство на Петар Карл Фаберже за руското царско семејство во 1887 година. Било изработено и доставено на тогашниот цар на Русија, Александар III, кој го подарил на својата сопруга Марија Фјодоровна на Велигден 1887 година. Се состои од 18 каратна златна кутија потпрено на златен прстен со брановидни украси, поставена на три нозе кои завршуваат како лавји шепи. На овие нозе се фестони од рози и ливчиња направени од различни обоени златни легури и во средината на секоја страна со овални сафири. Над секој сафир има златна машна украсена со низа ситни дијаманти, а на предната страна на јајцето има еден поголем дијамант. Јајцето било изгубено со години, но повторно било откриено во 2012 година. Денес е дел од приватна колекција.

Триста години Романови, 1913 година

2

Музеј на Московскиот Кремљ

По повод прославата на 300-годишнината од династијата Романови на рускиот престол, Николај II и го подари ова велигденско јајце на Александра во 1913 година. Содржи портрети на 18 руски владетели: од Михаил, првиот цар на династијата Романови, до Николај II, кој е нејзиниот последен владетел. Јајцето го изработиле Хенрик Вигстром и Василиј Зуев, поставено е на симболот на Руската империја, двоглав орел.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top