Насловна / Архитектура / Простор под надвозник претворен во место за уживање

Простор под надвозник претворен во место за уживање

MVRDV смета дека автопатиштата и мостовите кои се составен дел на градовите, можат подобро да се искористат. Затоа настанал проектот One Green Mile, кој ја претворил големата напуштена област под надвозник во Мумбаи, Индија, во жив и со зеленило исполнет простор, значаен за заедницата. Проектот One Green Mile настанал во соработка со StudioPOD. Идејата која стои зад проектот е прилично слична на Seoullo 7017 Skygarden исто така на MVRDV, со таа разлика што последниов е во парк над автопат.

onegreenmile1

И покрај своето име, One Green Mile во моментот мери само 800m. Се наоѓа под подвозникот во срцето на Мумбаи и вклучува оживување на рамниот пејсаж со мали ридчиња и долини. Има повеќе сегменти вклучувајќи и детска работилница, дневен престој, теретана, место за седење, простор за перформанси, читтална, како и велосипедски и пешачки патеки. Голем дел од просторот е прекриен со зеленило во саксии, паравани и потпорни ѕидови.  Идејата е сите овие билки да помагаат во ладење на просторот и делуваат како звучна бариера. One Green Mile има и систем за собирање на дождовницата, која ја филтрира и ја користи за наводнување на просторот. Во иднина се планира проширување на 3 km на оваа зелена оаза.

onegreenmile2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top