Насловна / Вести / Простор кој плени со софистицирани детали и удобност

Простор кој плени со софистицирани детали и удобност

Сопствениците на станот соработуваа со БИРО ПРОЕКТ како би добиле топол, современ и функционален дом за тричлено семејство во населбата Аеродром во Скопје.

Станот е со површина од околу 100 квадратни метри, поделен на две функционални целини. Од влезниот ходник се оди во  дел со заеднички содржини за дневен престој, трпезарија и кујна формиран како еден интегрален простор каде се собира целото семејство во заедничките активности и каде се пречекуваат гости и издвоен дел, кој е еден вид интимно засолниште на семејството каде се сместени родителската спална соба, детска соба, работна соба и бањите.

_MG_7205dnevna kujna trpezarija

При изработка на ентериер секогаш е неопходно да се води сметка за желбите на клиентите, трудејќи се притоа просторот да има и свој, личен печат. Желбата на инвеститорот, а секако и нашата идеја беше да се добие модерен простор со топли нијанси. Со оглед на ова во станот доминираат неутрални тонови без јаки бои. Површините на ѕидовите се светли, на моменти со потемни тонови во сива боја или облоги од иверица со дезен на даб кои нагласуваат одреден потег или композиција.

_MG_7211 kujna

Контрастот кој секогаш е пожелен во ентериер постигнат е со потемни нијанси на гарнитурата за седење во дневната соба и бојата на столовите на пространата трпезариска маса за осум лица. Во сличен тон се и ѕидните полици кои од сива иверица формираат композициски елемет за книги, украсни предмети и шишиња вино. Комодата за телевизорот е лесен хоризонтален елемент кој дискретно е поставен покрај ѕидот кој е обработен со техника на печатен бетон со дијагонални линии во златна нијанса и се добива впечаток дека лебди во просторот.

_MG_7210 dnevna soba

Кујната е поставена по целата должина на ѕидот и претставува составен дел на дневната соба и трпезаријата. Проектирана е од едноставни минималистички елементи, а користени се материјали како оплеменета иверица во дрвен дезен – даб и мат медијапан во песок боја, во делот на горните елементи од кујната исто како и елементите во дневниот простор. Единствено ѕидните кујнски плочки се во контраст со минималистичкиот дизајн, со стилизиран дезен кој придонесуваат да се истакне минимализмот и даваат дополнителен шарм на просторот.

Делот на станот кој припаѓа само на семејството и кој со врата и ходник е издвоен од дневниот престој е пријатен интимен простор.

_MG_7176

Основната идеја за родителската спална соба беше да се креира елегантен простор. Опремена е со елементи за гардеробирање со едноставен, минимален дизајн изработени од иверица во сива боја во комбинација со иверица во дрвен дезен – даб. Дел од ѕидовите во спалната соба се обработени со ѕидни техники со цел да се оплемени просторот. Двата спротивни ѕида се обработени во контрастни текстури. Едниот по цела висина ја нагласува вертикалата, техника во потемна боја на песок додека спротивниот ѕид е посмирен,  до одредена висина обложен со иверица во две бои, сива и иверица во боја на даб која ја нагласува хоризонталата. Од спалната соба преку гардеробер се влегува директно во бањата. Бањата е светла, преовладува белата боја, вградени се убаво дизајнирани санитарии. Туш-кабината е издвоена со транспарентен стаклен параван. Подот во бањата е во контраст со белината на просторот, поставени се темнокафеави керамички плочки со дезен на дрво.

_MG_7222 spalna soba

_MG_7235

Детската соба е наменета за двегодишно дете. Преовладува белата боја на ѕидовите и бел мебел чии детали и некои елементи се во нежни пастелни тонови. Собата е  разиграна со апликации на ѕидовите, плакарите, полиците со ѕвездички и животни. Едниот ѕид е насликан со силуети на куќички кои воедно претставуваат и табла за цртање со креда, која дава можност да ја исполни незадржливата желба на секое дете за шарање по ѕидовите и придонесува за развивање на детската имагинација.

_MG_7215 detska soba

Резултатот на овој стан е создавање на модерен простор кој плени со софистицирани детали и удобност.

_MG_7208

 

Тим на БИРО ПРОЕКТ

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top