Насловна / Вести / Европа ја добива првата фабрика за батериски ќелии со голем капацитет

Европа ја добива првата фабрика за батериски ќелии со голем капацитет

Европската инвестициска банка (EIB), одлучи со начелна спогодба да го поддржи финансирањето на првата европска фабрика за ќелии за литиум јонски батерии со голем капацитет Northvolt Ett. По потпишувањето на договорот за заем, финансирањето ќе го поддржи и Европскиот фонд за стратешки вложувања (EFSU).

Фабриката на компанијата Northvolt ќе биде изградена во Skellefteå на северот на Шведска – регион богат со суровини кои имаат долга историја на производство и рециклирање.

Завршувањето на изградбата на првата фаза на фабриката се очекува во идната година. Треба да се истакне дека капацитетот за производство на батерии изнесува  32 GWh годишно.  Инаку, батериите на компанијата Northvolt Ett  наменети се за употреба во автомобилската индустрија, а меѓу останатото и за системи за складирање на енергија.

EIBSweden1

EIBSweden2

EIBSweden3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top