Насловна / Вести / Проект вреден 4,5 милијарди долари – хидроенергијата стигнува во Њујорк

Проект вреден 4,5 милијарди долари – хидроенергијата стигнува во Њујорк

Њујорк е град кој 85% од електричната енергија добива од фосилни горива. Челните луѓе на најголемиот град во САД, работат на тоа до 2040 година, во целост да го елиминираат јаглеродот од својата електроенергетска мрежа. За да ги остварат зацртаните цели, ќе изградат далековод кој од канадските хидроцентрали ќе му испорачува електрична енергија на „Големото јаболко“. Проектот вреди 4,5 милијарди долари.

newyork1

Линијата долга 546 километри, наречена Champlan Hudson Power Express, би требало да биде завршена до 2025 година. Според планот, со капацитет од 1250MW таа ќе пренесува чиста и обновлива енергија, доволна за напојување на над еден милион домаќинства во Њујорк. Овој проект носи нови работни места, но и намалување на трошоците за производство на електрична енергија во целата држава за над 17 милијарди долари во текот на првите 25 години. Ќе придонесе и за намалување на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина за 28%. Еколошките активисти не се воодушевени од идејата за хидроенергија и порачуваат дека и натаму ќе се залагаат за тоа „да не се жртвуваат реките поради брза транзиција кон чиста енергија“.

newyork2

Но, освен енергијата добиена од хидроцентралите, во план е изградба на над 20 ветерни електрани и соларни електрани, како и изградба на уште еден далековод со кој Њујорк ќе се напојува со енергија добиена од обновливи извори. Дека Њујорк одлучно се стреми кон исфрлање на фосилните горива, покажува и новиот закон кој забранува користење на природен гас во малите нови згради од декември 2023 година, и во големите згради со седум и повеќе ката од 2027 година. Благодарение на овие промени, Њујорк до 2040 година ќе ја намали емисијата на јаглерод за околу 2,1 милиони тони.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top