Насловна / Вести / Прилеп планира да продаде општински обврзници и да инвестира во обновливи извори на енергија

Прилеп планира да продаде општински обврзници и да инвестира во обновливи извори на енергија

Прилеп планира да издаде општински обврзници во вредност од 5 милиони евра за да обезбеди средства за четири проекти. Три се за уредување на градската инфраструктура, а четвртиот е за производство на електрична енергија од обновливи извори. Веќе е одржана јавна расправа, на која сите заинтресирани правни и физички лица можеа да дадат свое мислење за предложените проекти. Следува одлука од советот на општината. Прилеп планира да постави фотонапонски панели на сите основни и средни училишта.

прилеп

Минатата година општината остварила приходи од 5,93 милиони евра. Имајќи предвид дека задолжувањето изнесува 5 милиони евра, одговорните во општината веруваат дека Министерството за финансии тоа ќе им го одобри. Според Програмата на Обединетите Нации за развој (UNDP), Прилеп е една од 1о-те најуспешни општини во Македонија во однос на располагањето со финансиските средства. Обврзницата ќе биде понудена на пазарот за хартии од вредност. Во локалната самоуправа сметаат дека ќе има доволен интерес првенствено кај пензиските и инвестициски фондови.

Испрати коментар

Scroll To Top