Насловна / Вести / Кои биле најзагадени градови во светот во 2022 година?

Кои биле најзагадени градови во светот во 2022 година?

Околу 90% од глобалната популација во 2022 година се соочувале со нездрав квалитет на воздухот, а само шест земји ги исполниле препораките на Светската здравствена организација (СЗО) и го ограничиле загадувањето на воздухот на безбедни нивоа. Ова се истакнува во новиот извештај на швајцарската компанија за технологија на квалитетот на воздухот IQAir.

IQAir Logo

IQAir ги мерел нивоата на квалитет на воздухот врз основа на концентрацијата на PM 2.5. Кога Светската здравствена организација за прв пат ги објавила насоките за квалитетот на воздухот во 2005 година, соопштила дека прифатливи нивоа на загадување се оние со концентрација на PM 2.5 пониски од 10 микрограми по кубен метар. Во 2021 година, СЗО ги променила своите референтни насоки на под 5 микрограми на метар кубен.

IQair1

Извештајот открива дека првите пет најзагадени земји во 2022 година се: Чад, Ирак, Пакистан, Бахреин и Бангладеш. Најзагадените градови на глобално ниво биле: Лахоре и Пешавар во Пакистан, Хотан во Кина, Бивади и Делхи во Индија. Во САД најзагадени се големите градови како Колумбус во Охајо, потоа Атланта, Чикаго, Индијанополис и Далас. Само шест земји во светот ги исполниле ажурираните здравствени граници на СЗО: Австралија, Естонија, Финска, Гренада, Исланд и Нов Зеланд, се вели во извештајот. Извештајот за 2022 година, ги користел податоците за квалитетот на воздухот од  7.323 градови во 131 земја, регион и територија. Скопје е на 31-вото место по загаденост во светот од 116 градови опфатени со рангирањето. На претходните позиции нема ниту еден друг град од Европа, освен Сараево кој е на 23-тото место.

Iqair2

Загадувањето на воздухот одзема повеќе од две години од проечниот животен век, според Институтот за енергетска политика во Чикаго. Над 60% од загадувањето на воздухот со честички потекнува од согорувањето на фосилни горива.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top