Насловна / Арт и дизајн / Приказната за Роден: Кој бил творецот на „Мислителот“ и „Бакнеж“

Приказната за Роден: Кој бил творецот на „Мислителот“ и „Бакнеж“

Огист Роден е најголемиот феномен во историјата на скулптурата, рекол еднаш Иван Мештровиќ за својот современик и едно време сограѓанин.

Мештровиќ не е единствениот кој со воодушевување ги впивал делата на францускиот скулптор Огист Роден. Великанот на вајарството се смета за основач на модерната скулптура, кој за време на животот бил окарактеризиран како „модерен Микеланџело“ и влијаел на генерации уметници, од Пабло Пикасо до Хенри Мур.

„За уметник нема ништо грдо во природата. Вистинските уметници се оние кои создаваат од задоволство. Во мојата работа јас не измислувам ништо, туку само повторно откривам“, велел францускиот скулптор.

2

Огист Роден е роден во Париз во 1840. година во работничко семејство. Уште како момче го привлекувала белината на хартијата, па почнал да црта. Иако посетувал уметничко училиште, веќе на 17 години за прв пат се обидел да се запише на прочуената Академија на убави уметности во Париз. Бил тоа првиот од трите неуспешни обиди, а одбиен е бидејќи скулптурите ги правел од глина.

Сепак, тоа не го поколебало Роден, и момчето почнува да работи како занаетчија, изработувајќи декоративни орнаменти за камини. Иако во еден момент бил во искушение да се замонаши, тој се откажал и десет години го усовршувал својот занает во работилницата, пишува веб-страницата „My Modern Met“.

Бидејќи заработувал од занаетчиска работа, можел да си дозволи професор кој ќе го упати во тајните на уметничките скулптури. Тоа бил Антоан Луј-Барие, познат по неговите природни скулптури на животни. И токму од него научил како да изваја природни фигури и држење, по што подоцна ќе стане препознатлив.

Изучувал и скулптури од 18. век, како и ренесансни мајстори. Штом добил приликата, отишол во Италија во 1875. година и бил маѓепсан од делата на Микеланџело и Донатело.

„Микеланџело ме ослободи од академскиот начин на вајање“, признавал.

01

И само една година по враќањето од Италија го извајал едно од своите ремек-дела „Бронзеното доба“. Кога ова монументално дело за првпат било изложено во 1877. година, предизвикало општа врева во Париз. Посетителите на изложбата не можеле да разберат како една скулптура може да биде толку „природна“.

Со своите природни, но и сензуални прикази на телото, тој преку ноќ ја збришал традиционалната фигуративна скулптура и го означил почетокот на модернизмот. Скулптурите на Роден како да се „живи“, ги карактеризираат моќни „емотивни изрази“, пишувале за неговите дела. Човекот кој направи револуција во скулптурата веруваше дека нема ништо срамно во човечката голотија: „Голотијата е вечна и би требало луѓето од сите генерации да ја гледаат со радост“.

00

Бронзено доба

И додека повеќето негови скулптури се изработени од бронза или мермер, интересно е што целиот процес на вајање го започнувал со глина. Работејќи со модели, тој со свои раце вајал мали статуи, а потоа правел големи реплики. Со ова го отворил патот за бројни реплики на оригиналното дело, поради што тој сè уште е еден од уметниците чии дела најмногу се фалсификуваат.

Освен со скулптура, се занимавал и со цртање. За време на својот живот, направил околу 10.000 цртежи, од кои многу актови. Тој велел: „Многу е едноставно. Моите цртежи се клучот на мојата работа“.

03

И додека, за жал, не е толку познат по своите цртежи, денес важи за еден од најголемите скулптори на сите времиња. Најпознатите дела „Мислителот“ и „Бакнеж“ првично биле делови од многу поголема скулптура за која добил нарачка од Музејот за декоративна уметност во Париз во 1880. година.

3

Портите на пеколот

Тоа било монументално дело од бронза „Портите на пеколот“, на кое посветил децении од својот живот. Делото, високо шест метри, со кое буквално, но и преку алегорија сакал да го долови „Пеколот“ на Данте, го создавал цели 37 години, никогаш не го довршувајќи го.

А фигурата што од висина ги гледала тие страшни порти станала посебна скулптура и еден од неговите заштитни знаци – „Мислителот“.

02

Мислителот

„Она зошто тој мисли, не е само во неговиот мозок, згрченото чело, раширените ноздри и стиснатите усни, туку и во секој мускул на рацете, грбот и нозете, во стегнатата тупаница и стегнатите прсти на нозете“, зборувал за „Мислителот.“

5

Мислителот

Помеѓу фигурите кои првично биле дел од „Портите на пеколот“ е и пар „зфатен“ со бакнеж. Сфаќајќи дека двојката толку обземена со страст и љубов е премногу среќна метафора за пеколот, Роден ја отстранил и ја оставил како посебно уметничко дело. Прочуената скулптура „Бакнеж“, која зрачи не само со сензуалност, туку и еротски набој, скандализирала многумина поради ваквото слободно прикажување на љубовта.

1

Бакнеж

Како веќе прославен скулптор и дел од уметничкото милје на Париз, Роден по смртта на великаните на книжевноста Виктор Иго и Оноре де Балзак, бил ангажиран да ги направи нивните скулптури. Меѓутоа, кога ги завршил, јавноста го нападнала, бидејќи никој не очекувал дека француските литературни херои ќе бидат прикажани на таков необичен, речиси пионерски начин. Јавното мислење толку многу се здружило против уметникот што Клод Моне и Дебиси морале да застанат во негова одбрана, особено поради скулптурата на Балзак, кој го завиткал во тешка наметка и зачуден поглед во далечината.

6

Балзак

Иако го „ставале“ во импресионистички „кош“, Роден често со своите дела се спротивставувал на какви било карактеризации.

„Роден и Реноар беа сосема различни од нивните импресионистички и постимпресионистички современици. Го сакале телото и Роден го сензуализирал, а Реноар го разубавил, и двајцата без срам. Роден не сакаше, како авангардните уметници, да се спротивстави на академските конвенции“, забележуваат историчарите на уметност.

Роден ги сакал жените, а и тие него. Во повозрасни години, тој конечно се оженил, но често паѓал во стапица и се заљубувал во своите ученички. За неговиот уметнички, но и приватен живот, најзначајна е врската со уметницата Камил Клодел, која му била муза, модел и љубовница повеќе од 15 години. Но, кога ја започнале романса, тој имал 42 години, а Камил само 18, што во тоа време бил скандал.

0

Камил Клодел 

„Камил Клодел со кратка коса и маска“, „Јас сум преубава“ и „Вечна пролет“, се само дел од скулптурите инспирирани од Клодел, за која еднаш рекол: „И покажав каде да најде злато – златото што го најде и припаѓа само на неа“.

4

Музејот на Роден

Роден починал во 1917. година на 77-годишна возраст, а денес неговите дела се низ целиот свет. Но, Музејот Роден во Париз се гордее со најзначајната колекција. Сместен во прекрасното опкружување на париските градини, чува повеќе од десет илјади негови дела – цртежи и скулптури. Иако најголемите атракции се секако „Мислителот“ и „Бакнеж“, оваа музејска институција наследува и бројни предмети од личната колекција на Огист Роден, од писма, книги, до во она време современи фотографии…

Испрати коментар

Scroll To Top