Насловна / Вести / Презентација на проекти за урбанистичка визија за Дебар Мало

Презентација на проекти за урбанистичка визија за Дебар Мало

Дебар Маало, како една од најатрактивните локации за живеење во Скопје, е под постојан притисок на интензивна градба. Ваквата состојба резултира со намалување на јавните простори и намалување на комплетниот квалитет на живот. Оттаму е потребно да се промени начинот на гледање на просторот и да се бараат простори кои можат да го надоместат изгубеното или да го искористат потенцијалот на постојните локации.

дм2

Студенти по архитектура, под менторство на проф. д-р Дивна Пенчиќ, детектираа десетина атрактивни и подобни простори и локации во Дебар Маало и изработија макети и постери за нивно идно користење и изградба.

дм1
На 12 јуни (среда) од 15 до 19 часот кај кружниот тeк во Дебар Маало (Кругче) ќе се одржи јавна презентација на проектите на студенти од Архитектонскиот факултет – Скопје за урбанистичко преобликување на Дебар Маало.

дм

На настанот, жителите на населбата и останатите граѓани ќе можат да ги погледнат урбанистичките решенија и визиите на студентите за подобрувањето на условите за живот во Дебар Маало.
Јавната презентација се одржува во рамките на кампањата за подобра животна средина #НеИгнорирај #Реагирај, која ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од Британската амбасада во Скопје.

reagiraj

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top