Насловна / Вести / Унгарија ќе гради зелен град на Дунав

Унгарија ќе гради зелен град на Дунав

Властите на Унгарија имаат амбициозен план за изградба на гигантска стаклена градина која ќе се напојува со обновлива енергија, а околу него ќе се издигне цел град.

Проектот Hegyeshalom-Bezenye предвидува изградба на земјоделски центар на границата на Унгарија, Австрија и Словачка. Стаклената градина ќе зафаќа површина од 330 хектари, што е пропорционално со површината од 500 фудбалски игралишта.

Унгарскиот министер за земјоделство, Иштван Наги истакна дека овој проект ќе претставува транзиција кон нова епоха на земјоделството.

dunav

 

Во овој проект, Владата на Унгарија соработува со германската компанија FAKT, како и со снабдувачот на енергијата, компанијата EON, која ќе обезбеди напојување на фармата најмногу со соларна енергија и биогас, додека геотермалните електрани ќе производуваат енергија за ладење. Функционирањето на фармата, како и процесот на нејзина изградба, ќе биде јаглеродно неутрално.

“Потрошувачите или целото денешно општество бараат иновативни, одржливи решенија кои го менуваат начинот на живот и работа. Одржливи, сигурни и прифатливи енергетски решенија се неопходни за обликување на животните и работните простори на иднината“, вели Александар Фенцл, директор на EON.

Во џиновската стаклена градина во текот на целата година ќе се одгледуваат различни овошја и зеленчуци, како што се модар патлиџан и домати. На дел од фармата ќе се организира најголемото копно во Европа, како и ладилници и други логистички капацитети.

Во близина на стаклена градина ќе се гради станбена површина за вработените и нивните семејства, а во кое ќе бидат вклучени градинка, основно училиште, како и хотели и продавници.

Унгарците несомнено сериозно го имаат разбрано извештајот на ОН, според кој на целиот свет му е издадено предупредување дека имаме само 12 години, за да се спречи глобалното затоплување за повеќе од 1,5 степени Целзиусови, со цел да се избегне глобална катастрофа.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top