Насловна / Вести / Прекуграничната ЕУ такса за CO2 ќе важи за челик, цемент, електрична енергија, во …

Прекуграничната ЕУ такса за CO2 ќе важи за челик, цемент, електрична енергија, во …

Извозниците на челик, железо, цемент, ѓубрива, алуминиум и електрична енергија во ЕУ, ќе мораат да платат такса на емисиите на CO2. Медиумите ја објавија оваа вест повикувајќи се на нацрт документот за регулирање на оваа област, кој го имале на увид. Повеќегодишните најави за воведување на овие такси кои би ги плаќале компаниите од земјите кои не го оданочуваат емитувањето на  CO2, веќе натераа многу земји да започнат со подготовки. Како што наведува Euractiv, ЕУ разгледува преоден период од три гдини за целосна примена на прекуграничната такса. Таа би требало да важи од 2023 година, но полна примена би имала од 2026. Прекуграничната такса на  CO2 ќе се однесува на директните и индиректните емисии од производството на стоки, над кои производителот има директна контрола, вклучувајќи ги и емисиите од произвдството на енергија за греење и ладење која се троши во текот на производствениот процес. Индиректните емисии се емисиите настанати при производството на електрична енергија која се користи во производството на предметната стока. ЕУ има намера да воведе и сертификати за прекугранична такса во електронски формат.

cbam5

cbam3

 

Еден сертификат ќе одговара на еден тон емисии на  CO2 (директни или индиретни), кој е дел од одредена стока увезена во ЕУ. Увозниците ќе имаат обврска да ги купуваат овие CBAM (Cross Border Adjustment Mechanism) сертификати, слично како што е тоа случај со емисионите единици во склоп на Системите за тргување со емисии EU ETS. Ќе биде формирана и институција за CBAM, која ќе ја пресметува цената на сертификатите. Таа цена ќе го претставува просекот од цените на затворањето на сите аукции на емисиони единици во рамки на EU ETS, пишува во нацртот на документот. EU ETS сега предвидува дека сите електрани и индустриски постројки, мораат да обезбедат емисиони единици еквивалентни на нивните емисии. Прекуграничната такса на CO2 нема да се применува на земјите кои се во царинска унија со ЕУ: Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.

CBAM1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top