Насловна / Вести / Прекрасен мост кој спојува два континенти и руши рекорди

Прекрасен мост кој спојува два континенти и руши рекорди

„Изградбата на мостот „Чанакале 1915“, кој преку мореузот Дарданели ќе ги спојува Азија и Европа, се ближи кон својот крај“, јавуваат турските медиуми. Последниот сегмент долг 48 метри, широк 45 метри и тежок 700 тони, неодамна е веќе доставен на градилиштето. Соодветно за симболиката на моментoт, тој бил украсен со голем мотив со турското знаме.

canakale1

canakale2

Камен темелникот за овој мост, кој ќе биде клучен дел од новиот автопат Кинали – Текирдаг – Чанакале – Севастепе, на 18 март 2017 беше положен од страна на турскиот претседател Ердоган. Се очекува мостот да биде завршен з аточно 5 години, односно на 18 март 2022 година. Освен тоа што спојува два континенти, овој мост го издвојува и најдолгиот распон на светот, кој помеѓу двата главни пилони (високи по 318 метри) се протега во должина од дури 2023 метри. Тоа е 23 метри подолго од сеуште актуелниот рекордер, мостот „Акаши Каикјо“ во Јапонија. Мостот „Чанакале 1915“ ќе биде долг вкупно 3563 метри, а со пристапните вијадукти ќе достигне должина од 4608 метри. Предвидено е да има три коловозни ленти во секоја насока, заедно со тротоари кои треба да служат за потребите на одржувањето на мостот.

canakale3

canakale4

Инаку, должината на мостот од точно 2023 метри има своја симболика, бидејќи станува збор з агодината во која ќе се слави 100 годишнината од основањето на Република Турција. Но, симболиката не засатанува на тој факт. Самото име на мостот, „Чанакале 1915“, оддава почест на битката за Галиполе од Првата светска војна (која турците ја нарекуваат  Çanakkale Savaşları според местото каде се одвивала), а во која турската војска ги поразила силите на Антантата, главно од тогашното Британско царство.

canakale5

canakale6

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top