Насловна / Вести / Massive Attack за намалување на емисиите на јаглерод диоксид во текот на концертите и турнеите

Massive Attack за намалување на емисиите на јаглерод диоксид во текот на концертите и турнеите

Roadmap to Super Low Carbon Live Music, е извештај или вид на прирачник кој ги претставува можностите на музичката индустрија да иновира и активно да се бори против климатските промени, соопшти музичката група Massive Attack најавувајќи ги своите заложби за намалување на јаглеродниот отпечаток од оваа индустрија. Оваа група контактирала со директорката на Тиндал центарот за истражување на климатските промени во рамките на Универзитетот во Манчестер и предложила соработка. Соработката е започната уште во текот на турнејата на групата во 2019 година, кога се следени нивните навики и однесување.  Споменатиот извештај, дава насоки и рамки за намалување на емисиите на следната турнеја на групата закажана за 2022 година. Massive Attack така со сопствен пример се обидува да покаже дека и музичарите можат да дадат придонес во намалувањето на емисиите и климатската акција. Бендот исто така објавил и дека соработува со инвеститорот во зелена енергија Dale Vince и неговата компанија Ecotricity на воспоставување на партнерства со музичките арени и хали.

muzika1

muzika2

Еден од најголемите извори на емисии во атмосферата, кога станува збор за музичката индустрија е превозот на опремата. Тимот научници кој работел на извештајот, истакнал дека актерите од овој сектор треба да ги испитаат можностите за транспорт на опремата со железница и на електричен погон. Освен тоа, во случаите кога операторите на халите имаат сопствена опрема, тогаш се намалува потребата од ваков вид на транспорт. Суштината на решението на овој проблем се наоѓа во внимателното планирање и избор на концепти со најмал јаглероден отпечаток. За намалување на емисиите при организирањето на концерти, потребни се иновации и здружени напори од уметниците, менаџерите, упрвата на концертните објекти, производителите на опрема, локалните и државните власти, како и транспортните компании. Научниците и Massive Attack ја застапуваат и идејата за одобрување на посебни попусти за публиката која на концерти патува со железница или со некој друг вид јавен превоз. Исто така, се препорачува уметниците и нивната придружба да ги намалат патувањата со авион, посебно со приватни авиони, а возилата на фосилни горива да ги заменат со електрични. Едно од можните решенија би било воведувањето на чартер возови, кои би биле изнајмувани за конкретни прилики.  Со анализите е опфатен и кетерингот поврзан со музичките настани, односно проблемите со ладење на храната и пијалоците, употребата на еднократна пластика и генерирањето на отпад, но и транзиција на концертните сали со користење исклучиво обновливи извори на енергија.

muzika3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top