Насловна / Арт и дизајн / Прекинувачи и приклучници од бетон

Прекинувачи и приклучници од бетон

Gábor Kasza  основачот на унгарската компанија Sekhina, се раководел од сознанието дека сегашните пластични прекинувачи и приклучници не се декоративни и го нагрдуваат просторот, па затоа многумина сакаат да ги сокријат, па ги камуфлираат, но се разбира не можат да ги отстраната бидејќи имаат важна функција во секој затворен простор.  Поради своите карактеристики во однос на електричната изолација и незапаливоста, бетонот е погоден материјал за оваа намена. Можо е да се изработат различни видови, со различен дизајн и единствен изглед, што овозможува совршено вклопување во амбиентот. Засега дизајнирани се само прототипови, но се планира масовно производство. Покрај бетонските прекинувачи, направени се и серија исполирани површини во различни нијанси. Со желба да бидат што е можно повеќе еколошки прифатливи, прекинувачите се изработени од 25% цемент и не содржат синтетички смоли и нечистотии.

 

sekina1

sekina2

sekina3

sekina4

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top