Насловна / Арт и дизајн / Паркот на прочуениот Душан Џамоња во Врсар

Паркот на прочуениот Душан Џамоња во Врсар

Врсар е рибарско и туристичко градче, сместено на западниот брег на Истра, Хрватска. Во негова близина, околу десет минути одалеченост од центарт, сместен е парк на светски познатит вајар Душан Џамоња.

21

ddd

Џамоња (Струмица 1928 – Загреб 2009) дипломирал на Ликовната академија во Загреб, живеел и работел во Брисел, Врсар и Загреб, тој е заслужен за многу социјалистички  споменици во поранешна Југославија, како оној, секому познат футуристички споменик во малото место Подгариќ, Споменик на револуцијата на народите на Мославина.

18

Споменик на револуцијата на народите на Мославина

Со својата творечка работа, долга речиси половина век, Џамоња е еден од најугледните уметници во Европа. Сведоштвото за неговиот придонес се протега низ целата негова кариера преку бројни награди, признанија и нарачки. Тој развил нов начин на употреба на традиционалните материјали, ја смирил крутоста на металот со органската флуидост на природата, без да се служи со нарација, ги проткал своите архитектонски монументи со човечка присутност.

1

Сите скулптури во паркот се поклон на Џамоња на Врсар. Работени се за голема париска изложба, а излагани се и на други европски изложби. Најголем дел од скулптурите се сопственост на општината Врсар, дел се на Пореч, а некои и на Истарската општина. Посетителите во паркот можат да влезат бесплатно и на простран, зелено уреден простор да ги разгледуваат скулптурите на Џамоња, а во централниот дел е сместен објект кој била резиденција и атеље на Џамоња.

9

Синот на Џамоња, Федор Џамоња, повеќе од дваесет години се грижи за паркот и делата на својот татко. Во паркот има 28 скулптури, а Федор за една вели дека е посебна. Станува збор за скулптура од мермер која изгледа како столбови поставени во круг. Тоа е еден од четирите примероци. Како што објаснува Федор, еден се наоѓа во паркот и направен е од бронза, еден е во Мизејот на современа уметност во Рим, а еден е направен од дрво и е во владината канцеларија на градот Загреб.

17

Федор Џамоња

„Оваа скулптура од мермер Душко ја клесаше токму за овој парк. Кога стигна во парчиња се гледаше дека секое парче е за себе и тоа го потсети на три грации кои танцуваат. Одлучи да ги осави отвореи и секогаш се шегуваше дека еден ден тоа ќе бидат грации кои ќе ја чуваат неговата урна“, вели Федор.

20

Врсар на Душан Џамоња му бил главното ателје и токму овде ги направил најолемиот број на своите дела, иако во текот на есента живел во Загреб, од крајот на годината до пролет во Брисел, бидејќи тоа бил неговиот главен пазар заедно со Франција, а потоа повторно се враќал во Врсар.

11

„Неговиот кабиет во кој црташе има поглед на паркот и тој често се навраќаше да види кој е во него. Сакаше на луѓето да им ги покажува скулптурите. Ако препознаеше некого, го покануваше внатре да му го покаже ателјето и скулптурите кои не беа за јавност“, вели Федор.

Објектот каде творел Џамоња се состои од низа простории во кој се сместени негови скулптури – има и зимско и летно ателје, а во средиштето на објектот голем двор со базен.

14

Ненад Паповац, најблзок соработник на Џамоња повеќе од 25 години, често престојува во паркот. Тој работи на создавање на реплики на скулптурите на Џамоња, кои смеат да се направат шест, а потоа калапот од кој настануваат скулптурите се уништува. Ненад објаснуа дека Џамоња се занимавал и со идејни архитектоски проекти, како што бил случајот со џамијата во Ријека, која настанала со негово коавторство со архитектите Бранко Вучиновиќ и Дарко Влаховиќ од загребското Архитектонско дизајн биро – АДБ.

rijeka

џамија во Ријека 

„Џамоња беше склон на архитектоски проекти, а осумдесетите години направи огромен проект за најголемата џамија на светот, која требаше да се наоѓа во Ирак. Но, бидејќи тамо почна војна, за жал изградбата на џамијата не се реализираше“, вели Ненад.

4 13

Федор од терасата на ателјето со поглед на море, раскажува како неговиот татко ги изработувал скулптурите по некој стандарден ритуал. „Стануваше во 5-6 часот наутро и со првото кафе во туш и перо ги црташе идеите, а потоа правеше модел на тоа што го нацртал“.

„Лично, малите модели работени од глина ми се некако најживи, најдобри, бидејќи се чувствува неговата рака, а не само изведување на скулптурата“, вели Федор.

15

Душан Џамоња работел со многу техники, сам за себе знаел да каже дека има седум занаети, знаел да ваја, да обраотува дрво и камен и да заварува.

Инспиацијата за своите дела Џамоња највеќе ја барал во својата работа. „Техниката која Душко ја усоврши на своите дела е далеку од заварувањето кое се учи на школите. Не е подбро или полошо, туку едноставно различно.

19

Целта не му беше варот да држи две површини кои мора да бидат совршено споени, туку железото да добие нов живот и нова структура. Тој на овој начин сликаше по железото“, објаснва Федор и додава: „Скулптурие кои ги изведуваше во димензии кои можат да се видат во паркот се монументални склптури и претсавуваат послдна етапа на еден развој на скулпура. Душко не епериментиаше во последната фаза на својата работа, работше зихерашки. Тоа размислување и целата иницијатива влегоа во процесот на создавање, од цртеж до скулптура. Во тој дел внесуваше најмногу креативн енергија“.

2

На ова сликовито место на Истра самите скулптури се укомпонирани во прородниот амбиент. Овде може да се види особеноста на неговиот израз и скулптурите кои попримаат нов изглед во просторот во различно време од денот, а во секое годишно време сјаат со различен сјај.

Душан Џамоња бил исклучително горд на паркот, и немало ден да не се прошета по него.

7 8 3

10

5

12 6

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top