Насловна / Вести / Предвидуваа дека до 2020 година сите нови автомобили ќе имаат хибриден погон, но, реалноста ги дематираше

Предвидуваа дека до 2020 година сите нови автомобили ќе имаат хибриден погон, но, реалноста ги дематираше

Со оглед на количината вести кои секојдневно стигнуваат за електричните автомобили, нема причина за сомневање во прогнозите дека до средината на следната деценија тие ќе доминираат. Но, неодамнешната статија објавена од страна на Vice потсетува дека стручњаците своевремено предвиделе дека до 2020 година, секој нов автомобил ќе биде хибрид. Ова било резултат на истражувањето во кое учествувале 125 менаџери од автомобилската индустрија, кои во 2008 година биле анкетирани од страна на истражувачите од компанијата IBM, со цел подготовка на проекции за пазарот на автомобили во 2020 година. Времето покажало дека направиле спектакуларно промашување. Дванаесет години подоцна, утврдено е дека само 3% од автомобилите продадени во САД биле хибриди, додека во годината на спроведеното истражување (2008) тој удел бил 2,8%.

hibrid1

Се поставува прашањето – дали врз основа на овие искуства, сепак со резерва треба да се прифатат моменталните предвидувања за доминација на електричните возила во средината на наредната декада? Веројатно не. Како што истакнува Vice, клучната разлика помеѓу 2008, 2020 година и денешните трендови е во тоа што индустријата веќе не се потпира само на желбите и потребите на купувачите. Овој пат, технологијата (во вид на се поевтините батерии), и што е најважно, законодавците на бројни земји кои најавуваат забрана на моторите со внатрешно согорување, најавуваат дека купувачите во иднина нема да имаат многу избор, освен да преминат на електричен погон. А дали навистина ќе биде така, повторно ќе покаже времето.

hibrid2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top