Насловна / Вести / Правилно негување на растенијата во текот на зимата

Правилно негување на растенијата во текот на зимата

За време на постудено време, на растенијата што ги чувате во домот им е потребна соодветна грижа, за да им помогне да го преживеат престојот на сув воздух и недостатокот на светлина.

rastenija

ОСВЕТЛУВАЊЕ

Во зима, треба да ги земете предвид потребите на растенијата за природна светлина затоа што тоа најмногу им недостига во затворен простор.

Со оглед на тоа што повеќето растенија бараат многу светлина поставете ги саксиите поблиску до прозорците, но не до радијаторите. Кактусите бараат многу светлина во текот на годината. За да цветаат во пролет, не треба да се полеваат во текот на зимата, освен ако станот не е многу топол.

rastenija1

ВОЗДУХ

За растенијата подобро да го издржат престојот на сув воздух поради загревање, користете навлажнувачи. Ќе им помогнете на растенијата да преживеат дури и ако ги прскате со вода наутро и навечер.

ТЕМПЕРАТУРА

Не ја менувајте нагло температурата во просторијата каде што се растенијата. Идеалната температура за чување цвеќе е помеѓу 15 и 20 Целзиусови степени. При проветрување на просторијата, цвеќето мора да се чува подалеку од провев.

rastenija2

ОПЛОДУВАЊЕ

На растенијата не им треба ѓубрење во текот на зимата, освен на оние кои очекуваат цветање, како што се циклама, азалии, кактуси… Исто така, за да расте убаво растението, отстранете ги сувите лисја.

НАВОДНУВАЊЕ

Кога станува збор за наводнување, наводнете ги повеќето растенија во станот колку да не им биде сува почвата. Тие толерираат суво подобро отколку натопување со вода. Повеќето растенија мируваат во текот на зимата и затоа не бараат повеќе вода.

rastenija3

Ако температурата во просторијата е повисока од 25 степени, тогаш на растенијата им треба малку повеќе вода.

Циклама, азалеи и други видови кои цветаат во зима треба да се полеваат два или три дена. Редовното прскање ќе одговара на дрвото на животот, бенџамин и папрати, но не и на љубичици.

Најдобро е да не се користи ладна вода за наводнување, туку загреана на собна температура.

rastenija4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top