Насловна / Вести / Power China ја гради термоелектраната „Колубара Б“ – на мрежа во 2024 година

Power China ја гради термоелектраната „Колубара Б“ – на мрежа во 2024 година

Стартувана е инвестиција од 385 милиони евра, објави EPS (Elektroprivreda Srbije). Станува збор за изградба на нов блок во термоелектраната „Колубара“  со инсталирана моќност од 350MW. Изведувач е кинеската компанија  Power Construction Corp. of China Ltd.  Ова инвестиција ќе биде првиот нов енергетски објект во Србија за производство на електрична енергија на јаглен од осумдесетите години на минатиот век.  Приклучувањето на новиот блок („Колубара Б“) на мрежа е планирано за 2024 година.

Плановите за изградба на овој нов блок датираат од поодамна. Првично уште пред повеќе од 30 години, но проектот е напуштен уште во раната фаза поради распадот на Југославија. Потоа, уште еден обид е направен во 2014 година, кога проектот е запрен поради откажувањето на ЕБОР, односно политиката на банката да не вложува во секторот на фосилните горива.

power China1

power china2

power China3

Испрати коментар

Scroll To Top