Насловна / Вести / ЕУ формира сојуз за чист водород, со цел забрзување на декарбонизацијата

ЕУ формира сојуз за чист водород, со цел забрзување на декарбонизацијата

Европската Комисија ја објави иницијативата за „чисто“ производство на водород, со цел да се забрза декарбонизацијата на индустријата, а планираниот Европски сојуз за „чист“ водород (European Clean Hydrogen Alliance), чие основање е дел од новата индустриска стратегија на ЕУ, би можел да стане реалност веќе ова лето. Овој сојуз би ги споил инвеститорите со владините партнери, институциите и индустријата, и би ги зајакнал напорите во утврдувањето на потребите од соодветна технологија, можностите за вложување како и регулаторното опкружување. Водородот има потенцијал да ја замени енергијата која се произведува од фосилни горива, како и да овозможи производство на електрична енергија од обновливи извори во големи количини, и да придонесе за зголемување на енергетската сигурност на ЕУ. Целта на новата индустриска стратегија на ЕУ е „глобално конкурентна, зелена и дигитална Европа“ стои во соопштението на Европската Комисија.

hydrogen1

hydrogen2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top