Насловна / Архитектура / Повик за бесплатни обуки ARISE – проект финансиран од Европска Комисија

Повик за бесплатни обуки ARISE – проект финансиран од Европска Комисија

Во рамки на активностите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери – КОАИ  во АСЕ Architects’ Council of Europe понудена е  можност за нашите архитекти и инженери да бидат вклучат во тековниот европски проект ARISE, финансиран од програмата за истражување и иновации на Европската унија Хоризонт 2020.

ARISE е проект финансиран од Европска Комисија кој има за цел да ја поддржи обуката на професионалците во градежниот сектор за проектирање и изведба на енергетски ефикасни згради, со користење на информациско моделирање на градбите (БИМ). Обуките на ARISE се брзи, флексибилни и лесно достапни, креирани се од врвни професионалци за да ја олеснат работата, со цел да обезбеди систем на обука и квалификации на вештините потребни за поддршка на имплементацијата на БИМ и енергетска ефикасност низ синџирот на снабдување во градежништвото.

Со помагање на градежната индустрија да се движи кон енергетски ефикасна изградена средина, партнерите од конзорциумот ARISE предвидуваат стимулирачки пристап за зголемување на побарувачката за одржлива енергија и дигитални вештини во секторите архитектура, инженерство и градежништво (AEC). Петте главни столбови на ARISE се:

Усогласување на вештините со усогласена рамка за учење на ЕУ.

Пристап до онлајн материјали и алатки за обука 24/7.

Pаспределба на дигиталниот пазар – преносливо признавање, со цел да се овозможи широко препознавање низ ЕУ и пошироко.

“A-Credit-action” се заснова на метод на континуиран професионален развој и нов систем на награди „криптовалута за развој на вештини“.

Помош при иницирање законски измени и мерки за поддршка на набавките, со цел дополнително да се стимулира побарувачката на пазарот.

Глобалната цел на ARISE е да направи револуционарни промени во процесот на учење преку менување и на начинот на учење и на начинот на препознавање на вештините за одржлива енергија во градежниот сектор. Новиот систем на обука и признавање на вештини ќе важи низ цела Европа, што ќе ја зголеми експанзијата на квалификувана работна сила на пазарот на градежниот сектор. Системот на обуки е гејмифициран и се состои од кратки едукативни единици, организирани по нивоа низ кои се напредува преку наградување на учесниците.

Платформата е бесплатна и ќе биде достапна до Септември 2024.

Сите заинтересирани можат да се пријават најдоцна до 10.06.2024 година на линкот ПРИЈАВА

За подетални информации може да се обратите до aleksandar@komoraoai.mk и liljana.najdovska@gmail.com

Погледнете го промотивното видео:

 

Испрати коментар

Scroll To Top