Насловна / Архитектура / Експо и во Албанија: Победник на конкурсот за нов изложбен центар во Тирана

Експо и во Албанија: Победник на конкурсот за нов изложбен центар во Тирана

Американското биро Steven Holl Architects неодамна беше избрано за победник на меѓународен конкурс на кој се бараше идејно архитектонско решение за изградба на Експо Албанија, комплекс составен од конгресно-изложбен центар и хотел со локација во Тирана.

Победничкиот тим, кој покрај архитектонското биро на Steven Holl го сочинуваат уметницата Агњешка Курант, Atelier 4, Aterlier Markgraf, Stoss и Arup, предлага итеративен процес – собирање кривулеста линија.

Карактеристичен приказ на објектот е реализирана во тесна соработка со Агњешка Курант од полска, како продолжение на нејзиниот уметнички проект „Крајот на потписот“, па на тој начин е обликувана и архитектурата.

Проектот го формираат две структури, каде во едната е организиран голем конгресен и изложбен центар, а во другата хотел, двете со придружна содржина, објаснија архитектите.

Посуптилна слика на хотелскиот објект

Додека конгресно – изложбениот центар прикажува кривулеста линија на неговата фасада, хотелот нуди посуптилна слика, изразувајќи се преку слични кривини во основата, наместо преку неговата височина.

Меѓу овие две структури планиран е голем базен исполнет со рециклирана дождовница, кој на својата површина ги рефлектира двата објекти.

Пкрај базенот и хотелот се наоѓа демонстратционо лозје планирано за потребите на саемите за вино кои ќе се одржат во центарот на Експо Албанија.

Високите еколошки стандарди се исто така интегрирани во пректот, а геотермалното греење и ладење се избраниот систем на комплексот.

Исто така, белите соларни плочи придонесуваат за производство на енергија, додека светларниците дозволуваат природната светлина да навлезе во внатрешноста на просторот.

За време на организирање на настани, овие отвори може да се затворат и затемнуваат, со цел просторот да се прилагоди на различни планирани активности.

Уметноста станува архитектура“

Во внатрешноста на изложбениот дел на комплексот, во танцов ритам поставени се кровни решетки од вкрстено ламинирано дрво, со што се покажува како „уметноста станува архитектура“, се нагласува во одлуката на жирито.

Што се однесува до земјата што ќе се ископува при изградбата, планирано е да се искористи за создавање на могили, кои ќе делуваат како акустични бафери, се во обид да се ренатурализира пејзажот.

Испрати коментар

Scroll To Top