Насловна / Вести / Франција ги додели првите повластени тарифи на светот за комерцијални пловечки ветерни електрани

Франција ги додели првите повластени тарифи на светот за комерцијални пловечки ветерни електрани

Франција ги објави победниците на аукцијата за повластена тарифа за инсталирање на пловечки ветерни турбини со моќност од 250MW во јужнна Бретања, што е прва светска комерцијална аукција за пловечки ветерни паркови. Електраната не само што ќе биде најголемата пловечка постројка која ја користи енергијата од ветерот, туку ќе значи и повеќе од двојно зголемување на моменталниот капацитет од оваа технологија во Европа. Имено, досега во Европа се изградени само мали пилот и демонстрациони проекти, па затоа оваа аукција е голем чекор кон комерцијализација на оваа технологија. Повластените тарифи се доделени на козорциумот BayWa re и Elicio. ПОнудите се доставени од страна на десет различни конзорциуми, а победничката понуда била 86€/MWh. Оваа технологија има голем потенцијал за развој во голем дел од Атлантикот, Келтското море, Средоземното море, Норвешкото море и другите басени со поголеми длабочини.

Испрати коментар

Scroll To Top