Насловна / Вести / Поштарите низ улиците нa Милано ќе ги замени роботот Yape

Поштарите низ улиците нa Милано ќе ги замени роботот Yape

Во Милано во моментот трае експерименталната фаза од проектот за воведување на роботи наместо поштари. Тежок 50 килограми и висок околу еден метар, роботот Yape е новиот робот – поштар, кој започна со екпериментална работа во еден од квартовите на Милано. Името му е акроним од Your Autonomous Pony Express и ќе биде во состојба да понесе 10 килограми пратки.

yape1

Тестот ќе трае околу една година, а ќе бидат вклучени два робота. Целта е за следната година да се воведат уште осум. Нив ќе ги следи тим кој ќе го анализира нивното однесување и ќе интервенира при евентуални грешки. Преку апликација, корисниците ќе можат да стават во роботот пратка за испорака. Роботот има системски сензори кои му овозможуваат поглед во распон од 360 степени, поседува камера и тродимензионален ласерски скенер кој „гледа“ и до 150 метри оддалеченост.

yape2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top