Насловна / Вести / Португалија ја затвори и последната термоелектрана на јаглен

Португалија ја затвори и последната термоелектрана на јаглен

Во текот на изминатиот викенд, Португалија ја затвори и својата последна активна термоелектрана на јаглен, „Пего“, со инсталирана моќност од 628 MW. Со оваа електрана управуваше компанијата Tejo Energia, а пуштена е во работа во 1995 година. Со тоа, Португалија заврши со користењето на јаглен во термоенергетските постројки во таа земја. Пред Португалија, со користењето нa јагленот завршија и Белгија, Австрија и Шведска. Овој потег на Португалија доаѓа девет години пред првично планираниот рок. Еколошката група  Zero објави дека го поздравува овој потег, и дека термоелектраната била втор најголем емитер на јаглерод диоксид во земјата.

pego1

Сега 60% до 70% од електричната енергија доаѓа од обновливи извори на енергија, односно и натаму земјата доста зависи од фосилните горива, а постои идеја термоелектраната „Пего“ да се реактивира со користење на пелети. Тоа не им се допаѓа на активистите за заштита на животната средина, кои велат дека главен предизвик кога ќе се затворат термоелектраните на јаглен, е нивното префрлање на неодржлива биомаса, создадена со сеча на шумите. Еколошката група Zero предупредува дека после јагленот, биомасата е „второ најлошо гориво“, и дека фокусот треба да биде на зголемување на капацитетите на обновливи извори на енергија (соларни и ветерни електрани). ЕУ има намера да ги прошири прописите за тоа дали може енергијата добиена со согорување на биомаса воопшто да се смета за обновлива.

pego2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top