Насловна / Вести / Сечатa на амазонската прашума зголемена за 22 отсто

Сечатa на амазонската прашума зголемена за 22 отсто

Сечата на амазонската прашума достигна највисоко ниво во изминатите 15 години, а во однос на минатата година е зголемена за 22 отсто.

Податоците на бразилската агенција за вселенски истражувања (ИНПЕ) се во спротивност со бразилските ветувања на климатскиот самит во Глазгов дека до 2030 година ќе престанат да сечаат и ќе почнат да ги прошируваат шумските површини.

Amazonija3

Во периодот од 2020 до 2021 година се исечени околу 13.235 квадратни километри, што е најголемото расчистување забележано од 2006 година.

Амазонија е дом на три милиони видови растенија и животни, како и повеќе од еден милион луѓе во бројни домородни племиња.

Најголемата прашума во светот служи и како огромно складиште на јаглерод диоксид, клучно за забавување на глобалното затоплување.

Amazonija4

Министерот за животна средина, Јоаким Лејте, вели дека податоците се вознемирувачки и мора да се направи повеќе за борба против оваа практика.

Од друга страна, под администрацијата на претседателот Жаир Болсонар, уништувањето на шумите се интензивираше, а првиот човек на Бразил ги охрабри земјоделските активности и рударството во областите на дождовните шуми од почетокот на неговиот мандат.

Amazonija

Болсонаро постојано се судира и со агенцијата Инпе, која редовно известува за промени на површината на Амазонија, а бразилскиот претседател го обвини дека го нарушува угледот на земјата.

Ветувањето на бразилските власти подразбира инвестиција од 19,2 милијарди долари од јавни и приватни фондови, наменети за обновување на уништените подрачја, борба против пожарите и поддршка на домородното население.

Amazonija1

Испрати коментар

Scroll To Top