Насловна / Вести / Пораст на трошоците поврзани со климатските промени

Пораст на трошоците поврзани со климатските промени

Канцеларијата на ОН за намалување на катастрофи (УНИСДР) изјави дека „климатските промени ја зголемуваат зачестеноста и сериозноста на екстремните временски настани“, како што се поплавите и бурите. Помеѓу 1978 и 1997 година, вкупните трошоци за катастрофи поврзани со катастрофи биле 895 милијарди евра, објави УНИСДР во извештајот на Центарот за проучување на епидемиологијата при катастрофи на Универзитетот во Левен, Белгија.

Но, меѓу 1998 и 2017 година, оваа сума достигнала 2,250 милијарди долари, се вели во извештајот, додавајќи дека најголемите трошоци биле во САД, Кина, Јапонија и Индија.

8b48d19e9b165f7397f6

Од УНИСДР велат дека во последните 20 години имало повеќе од 6.600 катастрофи поврзани главно со бури и поплави.

Иако во извештајот се наведува дека има недостатоци во собирањето податоци, се додава дека наодите јасно покажуваат дека инвестирањето во намалување на ризикот од катастрофи треба да биде централен дел од мерките за климатски промени.

poplave

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top