Насловна / Вести / Термоцентралата во Косово ќе се гради и покрај негативната одлука на Светска банка

Термоцентралата во Косово ќе се гради и покрај негативната одлука на Светска банка

Kosova e Re1

Откако Светска банка објави дека нема да го поддржи проектот за изградба на термоцентралата Kosova e Re (Ново Косово), Владата на Косово и американската компанија Contour Global потврдија дека продолжуваат со проектот.

На годишниот состанок на Меѓународниот Монетарен фонд (IMF) и Светска банка, на Баи во Индонезија, Висар Адеми, извршнот директор на Balkan Green Foundation, косовска организација од граѓанското општество, побара од претседателот на Светска банка, да потврди дека проектот  Kosova e Re веќе ја нема поддршката од оваа финансиска институција.

Во моментот Косово ја произведува речиси целокупната електрична енергија од две термоцентрали на јаглен, прекините во снабдувањето со енергија не с ереткост, а увозот учествува со околу 10% од потребите за електрична енергија. Геолошките резерви ан јаглен во Косово с епроценети ан околу 14 милијарди тони, по што Косово го зазема 5тото место во светот. Затоа, Владата на Косово во 2015 година на тендер го избра Contour Global да ја изгради термоцентралата Kosova e Re.

Kosova e Re2

Kosova e Re3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top