Насловна / Вести / Полска планира да гради нуклеарни централи

Полска планира да гради нуклеарни централи

Според новиот нацрт на енергетската стратегија до 2040 година, Полска ги забрзува плановите за постепено напуштање на јагленот.  Плановите во ажурираната енергетска политика вклучуваат изградба на првите полски нуклеарни електрани во што ќе бидат инвестирани околу 40 милијарди УСД. Првата нуклеарна електрана треба да биде завршена до 2033 година. Покрај тоа, плановите на тамошното министерство за клима, нема да ги заобиколат ниту офшор ветерните електрани. Според најавите, вложувањата во такви проекти до 2040 година ќе достигнат околу 34 милијарди УСД.  Со нуклеарната енергија и обновливите извори, Полска посилно ќе се зафати во костец со климатските промени, што ќе резултира и во отворање на околу 300.000 работни места.

nuclear1

nuclear2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top