Насловна / Вести / Денес Apple ги претставува новитетите, но не и новиот iPhone

Денес Apple ги претставува новитетите, но не и новиот iPhone

Apple за денес најавува голем настан наречен „Времето лета“,на кој се очекува да бидат претставени многу нови производи и унапредувања. Меѓу новитетите, кои овој пат ќе бидат претставени на Интернет, нема да има iPhone бидејќи производот доцни. Веројатно со нетрпение очекуваниот iPhone 12, ќе биде лансиран во октомври.

iphone2

Есенската презентација на новитетите на Apple нема да помине без паметниот часовник Apple Watch, најверојатно ќе биде тука и iPad, како и ажурирања на софтвери со кои работат уредите на овој технолошки гигант, пренесува Independent.

ap_resize

Apple исто така би можел да претстави неколку изненадувања, како што е претплатата Apple One а има индикации дека пред љубителите на технолошките уреди ќе имаат нови „мек“ компјутери.

Сепак, најверојатно нема да има нов iPhone. Како можна причина за тоа се споменуваат слушалките што не се подготвени поради затворањата поради пандемијата на коронавирусот.

„Времето лета“ и носи неколку новитети

Речиси нема сомнеж дека во фокусот на настаните што Apple ги нарече „Времето лета“,(Time Flies) ќе биде паметниот часовник Apple Watch.

Ова веќе го сугерира и името на (онлајн) средбата, како и графичкото решение на поканата.

ap1_resize

Од друга страна, тоа може да бидат часовници, а не еден часовник. Голема е веројатноста Apple да ја објави серијата 6, како и нешто што ќе ја замени серијата 3, која во последно време е на распродажба, а е достапна од 2017 година.

Она што не може со сигурност да се каже е што овие нови часовници можат да имаат унапредено во споредба со нивните претходници.

Дополнителното траење на батеријата се чини дека би морало да биде на списокот, со оглед на фокусот на следењето на спиењето на корисникот.

Имаше навестувања дека новиот часовник може да има пулсен оксиметар, за проверка на количината на кислород во крвта. Исто така, скоро е сигурно дека ќе има побрз чип.

Но, веројатно ќе има повеќе подобрувања, особено ако навистина се оствари дека часовникот зазема централно место на овој настан.

Се зборува дека Apple сака да се ослободи од опцијата Force Touch, што беше една од клучните иновации на паметниот часовник на Apple кога беше претставен премиерно.

Опцијата исчезна од новите верзии на софтверот, а повеќе не е достапна ни на iPhone, што сугерира дека серија 6 би можеле да бидат првата серија на Apple Watch што ја нема оваа опција.

ap2_resize

Кога станува збор за други иновации и подобрувања, на ред треба да биде новиот iPad Air, потоа претплатата на Apple One, платформа која обединува игри, ТВ и вести.

Надградување на софтверот секако се подразбира, а можно е да пристигнат нови „мек“ компјутери, како и бројни помали подобрувања.

Испрати коментар

Scroll To Top