Насловна / Вести / ЕУ и Велика Британија: Со комбинација на политики до намалување на CO2

ЕУ и Велика Британија: Со комбинација на политики до намалување на CO2

Заедничкиот истражувачки центар на Европската Комисија, објави нова статија под името “Фосилни емисии на CO2 за сите земји во светот“, повторно потврдувајќи дека Европската унија успеала да го одвои економскиот раст од емисијата на гасови кои влијаат на климатските промени. Емисиите на COод фосилни горива се намалиле во ЕУ и Велика Британија, додека глобално емисиите се зголемуваат. Тој тренд продолжил и во 2019 година, иако со нешто побавно темпо.  „Од почетокот на 21-виот век, глобалните емисии на стакленички гасови постојано растат“, соопштува Европската Комисија. Меѓутоа, државите на ЕУ и Велика Британија забележуваат тренд на намалување на емисиите на CO2кои потекнуваат од согорувањето на фосилните горива за3,8% во 2019 година, во споредба со претходната година. Тоа значи дека емисиите на CO2од фосилни горива во ЕУ и во Велика Британија биле за 25% пониски од нивото во 1990 година. Тоа е постигнато со комбинација на политики за ублажување на климатските промени, чија цел е декарбонизација на енергетскиот сектор, индустријата и градежништвото. Ваквите политики и натаму ќе продолжат во рамките на Европскиот зелен план.

Европската Комисија јавува дека ова се резултатите од најновото ажурирање на базите на податоци за емисиите за глобалните истражувања на атмосферата (EDGAR).

edgar2

eps1

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top