Насловна / Вести / Половина век стара хидроцентрала во Албанија, ќе стане иновативен енергетски јазол

Половина век стара хидроцентрала во Албанија, ќе стане иновативен енергетски јазол

Албанија е специфична по начинот на производство на електричната енергија. Имено, оваа зеја во најголем дел се потпира на хидроцентралите (над 99%), што значи дека енерегтскиот сектор нема никакви оптоварувања во однос на декарбонизацијата. Но, климатските промени ја зголемуваат зачестеноста на сушите, односно ја влошуваат хидролошката состојба, па се појавува потреба од увоз на електрична енергија. Во 2019 година, владата стартуваше „агресивна стретагија за диверзификација на изворите на енергија“, при што фокусот е на поголемо искористување на обновливите извори.

vau1

vau2

Во таа смисла, бројни се проектите кои во моментот се во фаза на изградба или во развојна фаза. Во тек е изградбата на централата „Караваста“, најголемата соларна електрана во Западен Балкан. Локацијата и договорот за откуп на електрична енергија и се доделени на француската компанија Voltalia. Еден од најиновативните проекти е сепак оној во склоп на Vau i Dejës, една од најголемите и најстари хидроцентрали во Албанија. Оваа хидроцентрала се трансформира во интегриран енергетски јазол.  Изградена во 1970 година, хидроцентралата работи во склоп на државната компанија  KESH (Korporata Elektroenergjitike Shqiptare). Последна е во каскадата од три хидроцентрали на реката Дрим и се наоѓа во северозападниот дел на земјата. Пред една година, на оваа локација, односно на браната од оваа хидроцентрала е изградена соларна централа од 5,1MW. Тоа е прв пример за комбинирање на хидроцентрала и фотонапонски систем во Западен Балкан. Но, амбицијата не завршува тука, бидејќи во тек е тендер за инсталирање на пловечка сларна електрана на акумулацијата. Овој енергетски јазол ќе биде зајакнат и со една ветерна електрана. Во севтот сеуште не постои голема хибридна електрана со овие четири извори.

vau3

 

Испрати коментар

Scroll To Top