Насловна / Архитектура / Покрај нов Клинички центар и нова Градска болница во Скопје

Покрај нов Клинички центар и нова Градска болница во Скопје

Министерството за здравство покрај одлуката и најавата за нов Клинички центар на нова локација, еден од најогемните проекти кај нас во последните децении, информира дека е распишан Конкурс за избор на Идеен проект за Нова Градска болница во општина Аеродром. Локацијата според дадениот прилогот е сегашниот Мајчин дом кој функционира како Ортопедска клиника и има проблеми со паркинг простор. Конкурсот за жал повторно ќе се спроведува преку Електронскиот систем за јавни набавки.

мајцин
Од министерството велат „Со цел да се обезбеди болничка заштита во дефинирана мрежа на општи и специјализирани болници и соодветно да одговори на потребите на жителите на градот Скопје и пошироко, Министерството за здравство смета дека е потребно да се подигнат капацитетите на т.н. “градски болници“ и на тој начин да се намали притисокот врз терциерното здравство во постојниот клинички центар.

болница

Новата Градска болница треба да понуди подобра достапност на населението до потребните здравствени услуги, подобрување на квалитетот и сигурноста на пружените болнички услуги. Новата Градска болница треба да имплементира еден нов модел за пружање на амбулантска здравствена заштита и дневна хирургија со неинванзивни постапки, со цел намалување на просечната должина на болнички престој“.
Учеството на конкурсот е анонимно. Оценувањето на конкурсните трудови ќе го врши комисија. На најдобро рангираните учесници Министерство за здравство ќе додели парични награди.
Рокот е до 18.07.2018, што за проект од ваков обем е краток, бидејќи тој треба биде подлога за понатамошна разрабитка на проектот за изведба и да ја реши функцијата и организација на просторот со сите стандарди за да не се случи да се се добијат допадливи слики од 3Д рендери кои подцна тешко ќе биде да се спроведат на дело.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top