Насловна / Архитектура / Архитектурата во Полска на изложба во Музеј на град Скопје

Архитектурата во Полска на изложба во Музеј на град Скопје

Вчера во Музеј на Град скопје се отвори изложбата „Вечност и миг“ организирана од Амбасадата на Република Полска во Скопје, како дел од одбележувањето на 100-годишнината од возобновувањето на независноста на Полска. Насловот на изложбата „Вечност и миг“ е инспириран од говор на истакнатиот полски архитект Лех Њемојевски (1894–1952), кој бил пропагатор на модерноста, но истовремено и прониклив истражувач на историјата на старата полска архитектура.

IMG_20180612_212142

IMG_20180612_212059
Изборот на објектите кои се претставени на изложбата претставува резиме на начините на претставување на Полска преку модернистичката архитектура по 1918 година, кога после 123 години таа повторно станала независна.

IMG_20180612_211940
На отворањето на изложбата беше врачена и архитектонската награда „ТИГРИТЕ“ за најдобар магистерски труд на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, која ја доделува редакцијата на полскиот месечник „Архитектура-муратор“. Добитник на овогодинешната награда е Ружица Минова.

IMG_20180612_212234
Наградата се доделува во чест на тројцата полски архитекти: Вацлав Клишевски, Јежи Мокшињски и Еугењуш Вјежбицки, коишто се познати под името „Тигрите“ и се проектанти на објектот на Музејот на современата уметност во Скопје (1966).

IMG_20180612_212327

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top