Насловна / Ентериери / Погледнете како изгледа креативен деловен простор во Истанбул

Погледнете како изгледа креативен деловен простор во Истанбул

Турското дизајнерско студио Kontra Architects заврши амбициозен проект за пренамена на стара фабрика во канцелариски простор. Проектот е насловен Kolektifhouse, а веќе името сугерира дека се работи за заеднички простор.istanbul-enterier-4

Со други зборови, се работи за објект кој треба со својата пренамена да стане деловен простор кој ќе го делат повеќе компании. Вкупната површина изнесува над 2700 квадратни метри, а просторот  се состои од 75 приватни канцеларии и повеќе од 150 мултифункционални соби, направени за сите оние што повремено ќе треба да користат некои од нив.istanbul-enterier-5

Ентериерот е украсен во трендовски индустриски стил со елементи од бетон, железо, дрво и тула. За да овие „тешки“ материјали не доминираат во потполност, во просторот е поставено многу зеленило, но и ѕидови од тула кои создаваат топла атмосфера.

Уште една од карактеристиките на овој проект е рачно изработениот дизајнерски мебел, со кој е целосно опремен просторот.istanbul-enterier-3

Бидејќи се работи за поделен канцеларски ентериер, дел од просториите не е докрај уреден, па на фирмите им е оставено да ги потполнат во свој стил, било со логоа или мотивациски постери или слики.istanbul-enterier-7 istanbul-enterier-6 istanbul-enterier-2 istanbul-enterier-1

Испрати коментар

Scroll To Top