Насловна / Вести / 70 години од изградбата на пругата Брчко – Бановиќи

70 години од изградбата на пругата Брчко – Бановиќи

brcko-banovici3

На 7 ноември 1946 година  тргнал првиот воз по пругата Брчко – Бановиќи, првата новоизградена пруга во Европа по Втората светска војна. Пругата со должина од 92 километри настанала како резултат на првата младинска работна акција во тогашна Југославија. Во изградбата учествувале 62.268 младинци од цела Југославија и уште 1000 од странство. Во текот на изградбата рачно се ископани 1.361.680 метри кубни земја и 134.460 метри кубни камен. Работите на пругата започнале на 1 мај 1946.

brcko-banovici-70-g

Значајниот јубилеј беше одбележан со поаѓање на т.н. свечен воз од Бановиќи за Брчко, а меѓу патниците многумина во длабока старост кои некогаш како тинејџери учествувале во изградбата.

brcko-banovici-70-godini

„Не е ова прва пруга на светот, но сигурно е првата што ја изградиле деца“ – рекол своевремено Мирослав Крлежа.

brcko-banovici-karta brcko-banovici

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top