Насловна / Вести / Подготовка на градината за топлото лето

Подготовка на градината за топлото лето

Без разлика дали живеете во село или во град, наскоро во вашата градина ќе пристигне летниот топлотен бран. Веќе почнува да се чувствува летната жега, особено во централното градско подрачје, па затоа потребно е да се преземат одредени активности со цел да се приспособи градината за да го помине летото во својот комплетен сјај. Добрата подготовка е од клучно значење за вашата градина за да може што побезболно да ги преживее зашеметувачките ефекти летото.

6_resize

Прво нешто што треба да направите пред почетокот на летната сезона е пролетното чистење во градината. Па така сите прецветани цветови од растенијата е потребно да се исчистат за да може растението да има продолжено цветење, а притоа да не губи енергија на создавање семе. Целокупниот органски отпад во градината треба да се собере. Доколку сте во можност искористете го за компост, кој во иднина ќе ви послужи да ги мулчирате растенијата.

Заштитата на растенијата од штетници исто така е многу важна. Таа треба да се практикува и превентивно. При појава на одредени инсекти или габи најдобро е растенијата да се третираат рано наутро или во попладневните часови, за да се намали можност од подгорување на ливчињата од растенијата при процесот на распрскување на течност врз нив.

5_resize

Топлото време посилно влијае врз растенијата отколку на луѓето. Тоа е така поради фактот што човековото тело содржи околу 60 % вода,  а повеќето растенија се изградени од 85 до 90 % вода. Па поради тоа со зголемувањето на летните температури се зголемува и потребата за вода кај растенијата. Со зголемување на температурите полевањето е најдобро да се извршува рано наутро. Доколку не сте во можност да полевате во тој период од денот, тогаш најдобро е во подоцните попладневни часови кога температурите се намалени и сонцето не зрачи во полн сјај. Исто така треба да се внимава да не е и многу доцна навечер за да може лисјата од растенијата да се исушат пред зајдисонцето, со што би се намалил ризикот од појава на мувла и други габични инфекции.

Sprinkler of automatic watering in garden

Растенијата кои ги одгледувате во садови имаат поголема потреба од вода за разлика од оние кои се насадени директно во вашиот двор. Доколку ги игнорирате неколку дена може да биде фатално за нив. Најважно за одгледувањето на овие растенија е при полевањето да внимавате тоа да биде обилно така што ќе се навлажни комплетниот коренов бусен.

Мулчирањето е една од мерките за борба со високите температури. Површинскиот слој од органска материја како искосена трева, компост, дрвени струготини не само што може да изгледа декоративно, туку помага и во голема мера за одржување на температурата и влагата во почвата. Освен што ја штити земјата од директното сончево зрачење и нејзино пресушување во одредена мера ја задржува утринската роса која има позитивно влијание врз растенијата во текот на летото. Со тоа мулчот придонесува да се намалат потребите за полевање и до 20 %.

Gardening equipment ready for use

Освен регулирање на температурата и влагата во почвата, мулчирањето е добро и во борба со плевелот кој се јавува во текот на летото. Во зависност од висината на слојот и типот на мулчот, може во голема мера да се спречи појавата на дива трева и до 80 %. Ако се знае колку напорна операција е плевењето на дивата трева околу цветните аранжмани во градината во текот на летото, мулчирањето треба да биде една од основните чекори кои би се преземале при подготовка на градината.

2_resize

Доколку планирате да ја разубавите градината во овој период со некои сезонски цвеќиња или перени најдобро е изборот да падне на оние видови кои се поиздржливи на високи температури.

4_resize

8_resize

Испрати коментар

Scroll To Top